Огражден Микро Микс

За Нас

nasata-rabota

НАШАТА РАБОТА

Во рамките на својата работа, а водени од потребата за проширување на својата дејност наметнати од потребите на пазарот АД за неметали Огражден ја отвори сопствената фабрика за производство на суви готови малтери ОГРАЖДЕН МИКРО МИКС .

Водејќи се од идејата за повисок степен на валоризација на сопствените рудници како и потребата за зголемување на производството на калцитни гранулати постојната линија за мелење и сепарирање АД за неметали Огражден ја финализира со производство на широк спектар на готови прашкасти малтери.

Како современа и модерна компанија, нашиот стремеж е секогаш насочен кон подобрување на работењето и производството, преку имплеметирање на нови технологии, следење на пазарот и конкуренцијата и редовно тестирање на нашите производи, со крајна и единствена цел, подобрување на квалитетот на производите и задоволување на потребите на нашите крајни потрошувачи и партнери.

COBPEMEHO ПРОИЗВОДСТВО

Имплементирани се најмодерните технолошки достигнувања и најсофистицирани технологии за производство на широк спектар на производи за кои се користат висококвалитетни стандардизирани суровини и адитиви од најпознати светски производители (Wacker, Shin Etsu, Hercules, Vellis Chemicals, CFF и др).

Во сите производствени погони се користи нискоенергетска технологија која од своја страна гарантира еколошки и стандардизирани производи. ОГРАЖДЕН МИКРО МИКС располага со висококвалитетен и стручен кадар надополнет со лично техничко советување кој има за цел усовршување на постоечките производи и развивање на нови.

Преку добро опремената лабараторија со најсовремени апарати за испитување според сите европски стандарди се вршат испитувања и контрола на квалитетот на влезните суровини и готови производи согласно барањата и потребите на пазарот.

idealen partner vo rabotenjeto

ИДЕАЛЕН ПAPTHEP ВО ГРАДЕЊЕТО

Иновациите имаат стратешко значење за нас бидејќи се основа за иднината на компанијата и нејзиното портфолио. Нашата сила е во способноста да ги препознаеме и почитуваме потребите и барањата на клиентите. Доброто познавање на пазарот е движечка сила и фактор за развој на нашата производствена програма. Сето тоа се должи на воведената стандардизација за квалитет, еколошките стандарди за чиста и зелена околина кои несомнено се значаен дел од целокупната политика на компанијата.

Својата иднина ја гледаме пред cè помеѓу водечките производители на градежни материјали во Р.Македонија, а со инвестирање и вложување во нови производствени капацитети и со развој на новите производи посакуваме успешно да делуваме на домашниот пазар и во исто време подлабоко да навлеземе во пазарот на ЕУ. Сакаме да останеме иновативна компанија која цели кон врвно производство, квалитетни производи, задоволни клиенти како и целосна грижа за животната средина.

Огражден Микро Микс низ годините...

1955

Започнува со работа рудник Хамзали

1976

Започнува  со работа рудник Мемешли

2008

Фабрика за градежни производи ОММ

Наскоро

Погон за производство на течен програм

Нашата локација

Производител Огражден Микро Микс

ул. Маршал Тито бр. 239
2400 Струмица, Северна Македонија
+389 34 326 815
+389 34 321 344
+389 75 420 228
contact@omm.mk