СУПЕРФИКС СЦ424 е сиво универзално лепило кое се користи за лепење на стиропорни и изолациони плочи на површини од тула, бетон, малтер и др., како и лепење на рабиц мрежички, збогатено со специјални адитиви за поголема јакост при лепењето.
СУПЕРФИКС СЦ424 – Лепило за стиропор
Технички податоци
- Хемиски состав – Сив цемент, CaCO3, додатоци
- Волуменска густина – Свежа маса 1,60 kg/dm³ ( на +20°С); Сува маса 1,20 kg/dm³ ( на +20°С)
- Време на обравотливост – сса 5 часа
- Отворено време – 20мин.
- Вреќи на палета – 48 вреќи
- Опис
- Карактеристики
- Пакување, потрошувачка и складирање
- Припрема и нанесување
- Побарај Понуда
- Слични Производи
- Анти-лизгачко дејство
- Обработливост
- Јакост
Пакување – Перфорирани натрон вреќи од 25кг кои се заштитени од влага.
Потрошувачка – 4-6 кг на м² во зависност од дебелината на нанесување и од самата подлога.
Да се складира прописно во оригинална и неоштетена амбалажа во суви простории.
Рок на употреба до 12 месеци од датумот на производството.
Содржината на вреќата од 25кг се истура постепено во 6-8 литри чиста вода и се меша со миксер се додека не се добие хомогенизирана смеса. Се остава да отстои 5-10 минути за да созреат и реагираат адитивите и повторно се промешува. Температурата за работа на оваа лепило ако сакаме да го заштитиме од мрзнење и пукање не треба да биде пониска од +5°C и не повисока од +35°C.
Една од најважните работи е да се припреми и исчисти подлогата на која ќе ги нанесуваме стиропорните плочи а и самото лепило. Доколку ѕидот е премногу рапав и нечист обавезно треба да се застрга и испече со вода. Откако ќе се исуши треба да се нанесе премаз за импрегнација МИКРОКРИЛ како би се створило подолема адхезија помеѓу ѕидот и лепилото.
Стиропорните плочи се нанесуваат на ѕидовите од доле нагоре.
Битно е на првата плоча од крајот да се стави по страната лепило за да се затворат отворите како не би дошло до влегување на ветер, влага, инсекти и др.
Лепилото се нанесува по рабовите на плочите тракасто во ширина од 5 cm и по средината точкасто најмалку 3 точки со ширина до 10 cm. Ако пак имаме рамна подлога може да се нанесе лепилото по целата површина на плочата со назабена глетарка со дебелина на забите од 10 mm. Наносот на лепилото треба да бисе со дебелина од 2 cm. Ако пак имаме рамна подлога може да се нанесе лепилото по целата површина на плочата со дебелина од 1cm. Откако ќе се залепат плочите треба да се остават 24 часа за да не дојде до ослабнување на контактот лепило-плоча. После 24 часа се прицврстуваат механички со типли. Типлите се ставаат по 5 броја на 1m². Дебелината на продор на типлите треба да биде минимум 50mm. Типлите се ставаат на бетон, малтер и други прицврстени подлоги. Во така нанесеното лепило се утиснува мрежичката и се замазнува од средината према краевите без набор се додека мрежата повеќе не е видлива. По правило после 24 часа се нанесува втор слој на лепило со дебелина од 1 mm така да мрежата биде втисната помеѓу две лепила.