СУПЕРФИКС СЦ 414 е флексибилно сиво лепило кое се користи за лепење на подни и ѕидни плочки, плочка на плочка, плочки од природен и вештачки камен, мозаик, лепење на плочки над подно греење и др. Истото се користи како за внатрешна така и за надворешна употреба.
Лепилото спаѓа во групата на стандарди со С2ТЕ ознака што значи дека има адхезија после 28ден ≥ 1 N/mm² и Т – што значи дека има голема анти-лизгачка способност и продолжено отворено време за работа. Исто така е направено со специјални додатоци кои му даваат голема флексибилност и термостабилност на температурни разлики со голема отпорност на мрзнење и пукање.