Микромал 385 претставува прашкаст сув ѕидарски малтер кој се употребува за ѕидање на тули и други видови блокови. Се карактеризира со високо прионливост, голема цврстина и после негово стврднување е постојан на променливи временски услови. Со користење на ѕидарски малтер МИКРОМАЛ 385 се заштедува време за испорака до објектот на цемент, вар, песок.
МИКРОМАЛ 385 – Малтер за ѕидање
Технички податоци
- Хемиски состав – Сив цемент, Bap, CaCO3, додатоци
- Волуменска густина – Свежа маса 1,75 kg/dm³ ( на +20°С); Сува маса 1,40 kg/dm³ ( на +20°С)
- Време на обравотливост – сса 2 часа
- Гранулација – 4 mm
- Температура на обработка – од +5°С до +35°С
- Вреќи на палета – 48 вреќи
- Опис
- Карактеристики
- Пакување, потрошувачка и складирање
- Припрема и нанесување
- Побарај Понуда
- Слични Производи
- Голема цврстина откако ќе се исуши
- Лесна обработливост
- Добра адхезија
Пакување – Перфорирани натрон вреќи од 25кг кои се заштитени од влага.
Потрошувачка – 30 кг на м² во зависност од дебелината на нанесување и од самата подлога.
Да се складира прописно во оригинална и неоштетена амбалажа во суви простории.
Рок на употреба до 12 месеци од датумот на производството.
МИКРОМАЛ 385 се става во 9-11 литри чиста вода и се меша за да добиеме хомогена смеса. Откако ќе се промеша се остава да отстои 5 минути за да реагираат адитивите и повторно се помешува.
Малтерот за ѕидање МИКРОМАЛ 385 се нанесува со ѕидарска мистрија по целата должина на ѕидот. Тулите и ѕидовите за ѕидање се поставуваат врз слојот од малтерот и се центрираат со помош на либела и ѕидарски коноп. Доколку дојде до вишок на малтер и негово течење потребно е да се отстрани со помош на мистрија.
Хоризонталната фуга помеѓу тулите се изведува со дебелина од 12мм.
Температурата за работа на малтерот ако сакаме да го заштитиме од мрзнење и пукање не треба да биде помала од 5 степени целзиусови и не поголема од 35 степени целзиусови.
Слични Производи

Хемиски состав | Сив цемент, Bap, CaCO3, додатоци |
---|---|
Волуменска густина | Свежа маса 1,75 kg/dm³ ( на +20°С); Сува маса 1,40 kg/dm³ ( на +20°С) |
Време на обравотливост | сса 2 часа |
Гранулација | 1.2 mm |
Температура на обработка | Oд +5°С до +35°С |
Вреќи на палета | 48 вреќи |