Огражден Микро Микс

МИКРОМАЛ 365 – Машински малтер

Технички податоци

  • Хемиски состав – Сив цемент, Bap, CaCO3, додатоци
  • Волуменска густина – Свежа маса 1,75 kg/dm³ ( на +20°С); Сува маса 1,40 kg/dm³ ( на +20°С)
  • Време на обравотливост – сса 2 часа
  • Гранулација – 1.2 mm
  • Температура на обработка – од +5°С до +35°С
  • Вреќи на палета – 48 вреќи
Побарај ПонудаПогледни Спецификација

МИКРОМАЛ 365 претставува цементно-варов машински малтер за машинско и рачно нанесување на надворешни и внатрешни ѕидови од тула, блокови, гасбетон и бетон.

Со користење на машински малтер Микромал 365 се заштедува време за изработка на повеќе простор за одредено време.

  • Голема цврстина откако ќе се исуши
  • Лесна обработливост
  • Добра адхезија

Пакување – Перфорирани натрон вреќи од 25кг кои се заштитени од влага.

Потрошувачка – 15 кг на м² во зависност од дебелината на нанесување и од самата подлога.

Да се складира прописно во оригинална и неоштетена амбалажа во суви простории.

Рок на употреба до 12 месеци од датумот на производството.

МИКРОМАЛ 365 се става во машина за апликација и се меша со 20-25% чиста вода додека не добиеме смеса  со посакуваната конзистенција. Подлогата на која се нанесува треба да биде чиста, цврста и исчистена од маснотии и други нечистотии. Во случај да се малтерисуваат мазни бетонски површини потребно е претходно да се премачкаат со МИКРОГРУНД со цел да се овозможи подобро врзување на малтерот со подлогата.
Машинскиот малтер МИКРОМАЛ 365 откако ќе се постигне конзистенцијата со машината се нанесува рамномерно по целат должина на ѕидот во слој со дебелина од 10mm а по потреба на некои места и со подебел слој. Потоа се порамнува  и се отстранува вишокот со алуминиумска глетарка. Употребата на малтерот е во рок од 2 часа. Пауза во текот на работењето на машината за нанесување додека во цревото за апликација има од малтерот не треба да биде повеќе од 15 минути.

Температурата за работа на малтерот ако сакаме да го заштитиме од мрзнење и пукање не треба да биде помала од 5°С и не поголема од 35°С.









    ПроизводителДистрибутерПродавач на големо/мало