МИКРОМАЛ 310 претставува декоративен цементно-варов малтер во прашкаста состојба кој се употребува за декорација и заштита на внатрешни и надворешни површини како и за завршен слој на термоизолациони и гипс картон плочи.
МИКРОМАЛ 310 – Декоративен малтер – FULL
Технички податоци
- Хемиски состав – Бел цемент, CaCO3, додатоци
- Волуменска густина – Свежа маса 1,75 kg/dm³ ( на +20°С); Сува маса 1,40 kg/dm³ ( на +20°С)
- Време на обравотливост – сса 2 часа
- Гранулација – 1mm-1,5mm
- Температура на обработка – од +5°С до +35°С
- Вреќи на палета – 48 вреќи
- Опис
- Карактеристики
- Пакување, потрошувачка и складирање
- Припрема и нанесување
- Побарај Понуда
- Слични Производи
Голема цврстина откако ќе се исуши
Лесна обработливост
Добра распореденост на зрната
Добра адхезија
Неронливост при сушење
Пакување – Перфорирани натрон вреќи од 25кг кои се заштитени од влага.
Потрошувачка – 2-3 кг на м² во зависност од дебелината на нанесување и од самата подлога.
Да се складира прописно во оригинална и неоштетена амбалажа во суви простории.
Рок на употреба до 12 месеци од датумот на производството.
Содржината на вреќата од 25 кг се истура постепено во 5-7 литри чиста вода и се меша со миксер или рачно, но не предолго и со голема брзина. Треба да се остави 5-10 минути и повторно се промешува за да се добие хомогена смеса. Припремениот малтер потребно е да се нанесе во рок од 2 часа.
На сите рапави и нерамни површини мора да се нанесе најпрво основен малтер МИКРОМАЛ 305 додека на гипс-картон плочите се нанесува директно. Но, и во двата случаи треба да се изврши импрегнација со МИКРОКРИЛ како не би дошло до брзо повлекување на врзаната вода од малтерот и пукање како и тешка обработливост на самиот малтер. Нанесувањето се врши со челична глетарка во дебелина која зависи од големината на зрното. Откако ќе го нанесеме се израмнува и се отстранува вишокот на материјал од ѕидот и се остава да отстои 5 минути на самиод ѕид, па го обработуваме. Во зависност од желбата може да се обликува со гумена пердашка која ќе ги истакне зрната во видлив слој а може и со пластична со која ќе добиеме поглатка површина и со одредени кратки линии. На крајот откако ќе се исуши може да го боиме со фасадна боја која ќе и даде дополнителна заштита на самата фасада.
Слични Производи

Хемиски состав | Сив цемент, Bap, CaCO3, додатоци |
---|---|
Волуменска густина | Свежа маса 1,75 kg/dm³ ( на +20°С); Сува маса 1,40 kg/dm³ ( на +20°С) |
Време на обравотливост | сса 2 часа |
Гранулацијa | 4 mm |
Температура на обработка | Oд +5°С до +35°С |
Вреќи на палета | 48 вреќи |