Огражден Микро Микс

МИКРОМАЛ 305 – Бело лепило за порамнување

Технички податоци

  • Хемиски состав – Бел цемент, CaCO3, додатоци
  • Волуменска густина – Свежа маса 1,65 kg/dm³ ( на +20°С); Сува маса 1,45 kg/dm³ ( на +20°С)
  • Време на обравотливост – сса 3 часа
  • Гранулација – 0,8mm
  • Температура на обработка – од +5°С до +35°С
  • Вреќи на палета – 48 вреќи
Побарај ПонудаПогледни Спецификација

МИКРОМАЛ 305 претставува прашкаст сув основен малтер кој се аплицира пред нанесување на декоративните малтери. Се користи за израмнување на внатрешни и надворешни ѕидови, а исто така и за пукнатини. Се карактеризира со висока прионливост, голема цврстина и после негово стврдување е постојан на променливи временски услови.

  • Голема цврстина откако ќе се исуши
  • Лесна обработливост
  • Глаткост
  • Добра адхезија

Пакување – Перфорирани натрон вреќи од 25кг кои се заштитени од влага.

Потрошувачка – 1-2 кг на м² во зависност од дебелината на нанесување и од самата подлога.

Да се складира прописно во оригинална и неоштетена амбалажа во суви простории.

Рок на употреба до 12 месеци од датумот на производството.

Содржината на вреќата од 25кг се промешува со 6-8 литри чиста вода и се меша за да се добие хомогена смеса. Откако ќе се размеша се остава да отстои 10-15 минути за да реагираат адитивите и повторно се промешува. На претходно исчистен и импрегниран ѕид со челична глетарка нанесуваме од малтерот.
Таму каде што ѕидот е нерамен, малтерот го нанесуваме во подебел слој со цел да овозможи израмнување на ѕидот. Микромал 305 се нанесува со дебелина  од 1-2mm во зависност од ѕидот. Откако ќе се израмни ѕидот се чека најмалку еден до два дена а некогаш и подолго за да се исуши добро. Тоа го правиме бидејќи може да имаме несакани последици кога ќе го нанесуваме завршниот слој било декоративен малтер или глет маса. Откако ќе се исуши повторно се премачкува со МИКРОКРИЛ за да се добие добар контакт помеѓу основниот и декоративен малтер. Пожелно е со нанесувањето на основниот малтер да се стави и армирачка мрежа за да се заштити малтерот од пукање. Температурата за работа на малтерот ако сакаме да го заштитиме од мрзнење и пукање не треба да биде помала од +5°С и непоголема од +35°С.









    ПроизводителДистрибутерПродавач на големо/мало