МИКРОМАЛ 300 претставува декоративен цементно варов малтер во прашкаста состојба кој се употребува за декорација и заштита на внатрешни и надворешни ѕидови како и за завршен слој на термоизолациони и гипс картон плочи.
МИКРОМАЛ 300 (1.5-2mm) – Декоративен малтер – Шара
Технички податоци
- Хемиски состав – Бел цемент, Bap, CaCO3, додатоци
- Волуменска густина – Свежа маса 1,65 kg/dm³ ( на +20°С); Сува маса 1,45 kg/dm³ ( на +20°С)
- Време на обравотливост – сса 3 часа
- Гранулација – 1.5-2 mm, 2-2.5mm
- Температура на обработка – од +5°С до +35°С
- Вреќи на палета – 48 вреќи
- Опис
- Карактеристики
- Пакување, потрошувачка и складирање
- Припрема и нанесување
- Побарај Понуда
- Слични Производи
- Голема цврстина откако ќе се исуши
- Лесна обработливост
- Добра прионливост
- Добра адхезија
- Неронливост при сушење
Пакување – Перфорирани натрон вреќи од 25кг кои се заштитени од влага.
Потрошувачка – 2-3 кг на м² во зависност од дебелината на нанесување и од самата подлога.
Да се складира прописно во оригинална и неоштетена амбалажа во суви простории.
Рок на употреба до 12 месеци од датумот на производството.
Во сад ставаме чиста вода од 5-7 кг на една вреќа од малтерот и ја мешаме со миксер или рачно но не предолго и со голема брзина. Треба да се остави 5-10 минути и повторно се промешува за да се добие хомогена смеса. Припремениот малтер потребно е да се нанесе во рок од 2 часа.
На сите рапави и нерамни површини мора да нанесеме најпрво основен малтер МИКРОМАЛ 305 додека на гипс-картон плочите се нанесува директно. Но, и во двата случаи треба да се изврши импрегнација со МИКРОКРИЛ како не би дошло до брзо повлекување на врзаната вода од малтерот.
Нанесувањето се врши со челична глетарка во дебелина која зависи од големината на зрното. Кај овој малтер гранулацијата е со големина од 1,5-2 мм и од 2-2,5мм. Откако ќе го нанесеме се израмнува и се отстранува вишокот на материјал од ѕидот и се остава да отстои 5 минути на самиод ѕид па го обработуваме со друга глетарка. Во овој случај користиме пластична глетарка која мора да биде рамна со цел да се добие посакуваната декорација. Може да се обликува со кружни движења со што би се добило т.н. шара, со прави движења горе-доле или лево-десно или дијагонално како би се добила т.н. дождлива структура. На крајот откако ќе се исуши може да го боиме со фасадна боја која ќе и даде дополнителна заштита на самата фасада.
Слични Производи

Хемиски состав | Сив цемент, Bap, CaCO3, додатоци |
---|---|
Волуменска густина | Свежа маса 1,75 kg/dm³ ( на +20°С); Сува маса 1,40 kg/dm³ ( на +20°С) |
Време на обравотливост | сса 2 часа |
Гранулацијa | 4 mm |
Температура на обработка | Oд +5°С до +35°С |
Вреќи на палета | 48 вреќи |