Микроглет 111 претставува минерално високо квалитетна смеса (глет маса) на база на вар за израмнување и покривање на ѕидови од бетон и гипс картон плочи за внатрешна употреба. Се нанесува во повеќе слоеви до дебелина од 1-2mm.
МИКРОГЛЕТ 111 – Глет маса за внатрешна употреба
Технички податоци
- Хемиски состав – Бел цемент, CaCO3, додатоци
- Волуменска густина – Свежа маса 1,50 kg/dm³ ( на +20°С); Сува маса 1,0 kg/dm³ ( на +20°С)
- Време на обравотливост – повеќе од 5 часа
- Потрошувачка – 2-3кг со дебелина од 1-2mm на m²
- Температура на обработка – од +5°С до +35°С
- Вреќи на палета – 53 вреќи
- Опис
- Карактеристики
- Пакување, потрошувачка и складирање
- Припрема и нанесување
- Побарај Понуда
- Слични Производи
- Бела боја
- Долго отворено време за работа
- Висока глаткост и сјај
- За внатрешна употреба
- Еколошки чиста
- Добра обработливост
Префорирани натрон вреќи од 20 кг кои се заштитени од влага.
2-3 кг на m² во зависност од дебелина на нанесување и од самата подлога.
Да се складира прописно во оригинална и неоштетена амбалажа во суви простории. Рок на употреба до 12 месеци од датумот на производство.
Микроглет 111 се меша во однос на глет маса:вода 1:0,45 дела, се остава да одлежи 15 минути, а потоа пред користење уште еднаш добро се промешува за да реагират адитивите и да се постигне подобра хомогенизација. Се нанесува во два до три слоја во зависност од подлогата т.е. ѕидот на кој се нанесува.
Првиот слој треба да биде малку погуст.
Доколку ѕидот е со многу нерамнини потребно е да се нанесе подебел слој на глет маса.
Најпрво што треба да се направи е да се припреми ѕидот за глетување. Потоа треба да се нанесе Микрокрил како би се створило поголема адхезија помеѓу ѕидот и глет-масата. Се става на челична глетарица од смесата и под одреден агол се нанесува. Во зависност од притискањето на глетарицата ќе зависи и девелината на нанесување. Девелината истотака зависи и од ѕидот. Доколку ѕидот е нерамен се нанесува подевел слој. Откако ќе се нанесе првиот слој треба да се остави- да се исуши барем 24 часа и наредниот ден може да се шмиргла со брусна хартија со гранулација до 200 µm. Шмирглањето се врши со кружни движења. Вториот слој се нанесува исто така како првиот само што треба да биде по разреден и потечен. При нанесувањето се притиска посилно бидејќи ѕидот е веќе прилично израмнет за да се пополнат малите дупки и други видливи аномалии. На крајот откако ќе се нанесе се чека да се исуши масата и пак се шмиргла со брусна хартија но сега по фина гранулација од 150 µm.
Слични Производи

Хемиски состав | Сив цемент, Bap, CaCO3, додатоци |
---|---|
Волуменска густина | Свежа маса 1,75 kg/dm³ ( на +20°С); Сува маса 1,40 kg/dm³ ( на +20°С) |
Време на обравотливост | сса 2 часа |
Гранулацијa | 4 mm |
Температура на обработка | Oд +5°С до +35°С |
Вреќи на палета | 48 вреќи |