Микрофикс 414 е бело лепило кое се користи за лепење на подни и ѕидни плочки, плочки од природен и вештачки камен, мозаик, за лепење на плочки над подно греење и друго. Се користи како за внатрешна така и за надворешна употреба.
Она што е карактеристично за овој тип на лепило е што спаѓа во групата на стандарди со C2TE ознака што значи има адхезија после 28ден ≥ 1/mm², „Т“ што значи дека има голема анти-лизгачка способност и „E“ стои за продолжено отворено време за работа. Исто така е направено со специјални додатоци кои му даваат голема флексибилност и термостабилност на температурни разлики со голема отпорност на мрзнење и пукање.
МИКРОФИКС 414 C2TE – лепило за керамички и гранитни плочки
Технички податоци
- Хемиски состав – Бел цемент, CaCO3, додатоци
- Волуменска густина – Свежа маса 1,60 kg/dm³ ( на +20°С); Сува маса 1,30 kg/dm³ ( на +20°С)
- Адхезија – ≥1N/mm² EN 1348
- Пролизгување – ≤0,5mm EN 1308
- Време на обравотливост – сса 6 часа
- Отворено време – 30мин.
- Температура на обработка – од +5°С до +35°С
- Вреќи на палета – 48 вреќи
- Анти-лизгачко дејство
- Продолжено отворено време
- Лепливост
- Флексибилност
- Отпорност на мрзнење
- ТЕРМОСТАБИЛНО
Пакување – Перфорирани натрон вреќи од 25кг кои се заштитени од влага.
Потрошувачка – 2-4 кг на м² во зависност од дебелината на нанесување и од самата подлога.
Да се складира прописно во оригинална и неоштетена амбалажа во суви простории. Рок на употреба до 12 месеци од датумот на производство
Содржината на вреќата од 25кг се промешува со 6-8 литри чиста вода и се меша за да се добие хомогена смеса. Се остава да отстои 5-10 минути за да реагираат адитивите и повторно се промешува. Температурата за работа на оваа лепило ако сакаме да го заштитиме од мрзнење и пукање не треба да биде пониска од +5°C и не повисока од +35°C.
Површината на која што треба да се нанесе МИКРОФИКС 414 лепилото треба да биде сува и чиста без материи кои би можење да го нарушат врзувањето.
На претходно исчистен и импрегниран ѕид со глетарка нанесуваме од лепилото а потоа со назабениот дел на глетарката го отстрануваме вишокот од лепилото. Во зависност од димензиите на плочките се користи глетарка со соодветна длабочина на запците.
Слични Производи

Хемиски состав | Бел цемент, CaCO3, додатоци |
---|---|
Волуменска густина | Свежа маса 1,70 kg/dm³ ( на +20°С); Сува маса 1,20 kg/dm³ ( на +20°С) |
Адхезија | ≥0,5N/mm² EN 1348 |
Пролизгување | ≤ 0,5mm EN 1308 |
Време на обравотливост | сса 4 часа |
Отворено време | 20мин. |
Температура на обработка | Од +5°С до +35°С |
Вреќи на палета | 48 вреќи |

Хемиски состав | Бел цемент, CaCO3, додатоци |
---|---|
Волуменска густина | Свежа маса 1,28 kg/dm³ ( на +20°С); Сува маса 1,60 kg/dm³ ( на +20°С) |
Адхезија | ≥0,5N/mm² EN 1348 |
Пролизгување | ≤0,5mm EN 1308 |
Време на обравотливост | сса 5 часа |
Отворено време | 30мин. |
Температура на обработка | од +5°С до +35°С |
Вреќи на палета | 48 вреќи |