Огражден Микро Микс

МИКРОФИКС М34 – Лепило за лесни блокови

Технички податоци

  • Хемиски состав – Сив цемент, CaCO3, додатоци
  • Волуменска густина – Свежа маса 1,55 kg/dm³ ( на +20°С); Сува маса 1,27 kg/dm³ ( на +20°С)
  • Адхезија – ≥ 0,5N/mm²  EN 1348
  • Дебелина на слој – сса 3mm
  • Време на обравотливост – сса 4 часа
  • Отворено време – 20мин.
  • Гранулација – 0-0,8mm
  • Вреќи на палета – 48 вреќи
Побарај ПонудаПогледни Спецификација

МИКРОФИКС М34 е сиво лепило  на база на цемент кое се користи за лепење  на гасбетонски блокови, елементи и плочи, збогатено со специјални адитиви за поголема јакост при лепењето.

Карактеристики

  • Добра обработливост
  • Висока цврстина
  • Отпорност на мрзнење
  • Отпорност на влага и вода
  • За надворешна и внатрешна  употреба

Пакување – Перфорирани натрон вреќи од 25кг кои се заштитени од влага.

Потрошувачка – 2-4 кг на м² во зависност од дебелината на нанесување и од самата подлога.

Да се складира прописно во оригинална и неоштетена амбалажа во суви простории.

Рок на употреба до 12 месеци од датумот на производството.

Содржината на вреќата од 25кг се истура постепено во 6-7 литри чиста вода и се меша со миксер се додека не се добие хомогена смеса со среднопластична конзистенција без грутчиња. Откако ќе се промеша се остава да отстои 5-10 минути за да созреат и реагираат адитивите и повторно се промешува непосредно пред употребата. На лепилото, кое е веќе во фаза на врзување, не смееме да му додаваме вода за подобрување на обработливоста. Температурата за работа на оваа лепило ако сакаме да го заштитиме од мрзнење и пукање не треба да биде пониска од +5°C и не повисока од +35°C.
Подлогата мора да биде цврста, чиста, без прашина, масла, мрсни дамки и други нечистотии. Ако блоковите или елементите се суви и поседуваат голема моќ на впивање, тогаш пред да се нанесе лепилото треба тенко да се намократ  истите. МИКРОФИКС М34 го нанесуваме со помош на ѕидарска лопатка за нанесување. Алатот го чистиме во свежа состојба веднаш по завршената употреба.









    ПроизводителДистрибутерПродавач на големо/мало