Огражден Микро Микс

МИКРОФИКС 444 – Лепило за керамички плочки

Технички податоци

  • Хемиски состав – Бел цемент, CaCO3, додатоци
  • Волуменска густина – Свежа маса 1,28 kg/dm³ ( на +20°С); Сува маса 1,60 kg/dm³ ( на +20°С)
  • Адхезија – ≥0,5N/mm²  EN 1348
  • Пролизгување –  ≤0,5mm EN 1308
  • Време на обравотливост – сса 5 часа
  • Отворено време – 30мин.
  • Температура на обработка – од +5°С до +35°С
  • Вреќи на палета – 48 вреќи
Побарај ПонудаПогледни Спецификација

Микрофикс 444 е стандардно, специјално, подобрено тенкослојно бело лепило со ознака С1ТЕ за лепење на подни и ѕидни плочки, плочки од природен камен, мозаик и други видови на плочки. Лепилото се користи за внатрешна и надворешна употреба на површини од естрих, бетон и малтер.

  • Анти-лизгачко дејство – класа Т
  • Висока јакост на лепење
  • Лесна обработливост
  • Е-продоложено отворено време

Пакување – Перфорирани натрон вреќи од 25кг кои се заштитени од влага.

Потрошувачка – 2-4 кг на м² во зависност од дебелината на нанесување и од самата подлога.

Да се складира прописно во оригинална и неоштетена амбалажа во суви простории.

Рок на употреба до 12 месеци од датумот на производството.

Содржината на вреќата од 25кг се промешува со 6-8 литри чиста вода и се меша за да се добие хомогена смеса. Се остава да отстои 5-10 минути за да реагираат адитивите и повторно се промешува. Температурата за работа на оваа лепило ако сакаме да го заштитиме од мрзнење и пукање не треба да биде пониска од +5°C и не повисока од +35°C.
На претходно исчистен и импрегниран ѕид со глетарка нанесуваме од лепилото а потоа со назабениот дел на глетарката се развлекува лепилото. Пред поставување на керамичките плочки со впивливо дејство треба да се потопат во вода. Потопување на невпивливи плочки не е препорачливи бидејќи може да дојде до смолкнување. Препорачливо е кај невпивливите плочки да се користи да се користи флексибилно лепило МИКРОФИКС 414 или СУПЕРФИКС СЦ414.









    ПроизводителДистрибутерПродавач на големо/мало