Огражден Микро Микс

МИКРОФИКС 434 – Лепило за термоизолациони фасади

Технички податоци

  • Хемиски состав – Бел цемент, CaCO3, додатоци
  • Волуменска густина – Свежа маса 1,55 kg/dm³ ( на +20°С); Сува маса 1,20 kg/dm³ ( на +20°С)
  • Време на обравотливост – сса 5 часа
  • Отворено време – 20мин.
  • Температура на обработка – од +5°С до +35°С
  • Вреќи на палета – 48 вреќи
Побарај ПонудаПогледни Спецификација

МИКРОФИКС 434 е бело лепило кое се користи за лепење на рабиц мрежичка и други фасадни обвивки. Ова лепило е изработено од специјални врзиви материјали збогатено со адитиви за поголема јакост при лепење.

  • Лепливост
  • Лесна обработливост
  • Јакост
  • Флексибилност

Пакување – Перфорирани натрон вреќи од 25кг кои се заштитени од влага.

Потрошувачка – 4 кг на м² во зависност од дебелината на нанесување и од самата подлога.

Да се складира прописно во оригинална и неоштетена амбалажа во суви простории.

Рок на употреба до 12 месеци од датумот на производството.

Содржината на вреќата од 25кг се промешува со 6-8 литри чиста вода и се меша за да се добие хомогена смеса. Се остава да отстои 5-10 минути за да реагираат адитивите и повторно се промешува. Температурата за работа на оваа лепило ако сакаме да го заштитиме од мрзнење и пукање не треба да биде пониска од +5°C и не повисока од +35°C.
МИКРОФИКС 434 се нанесува со челична глетарка по целата површина на стиропорната плоча од горе према надоле. Дебелината на слојот треба да биде до 2mm. Во така нанесеното лепило се утиснува мрежичката и се замазнува од средината према краевите без  набор се додека мрежата повеќе не е видлива. По правило после 24 часа се нанесува втор слој на лепило со дебелина од 1mm така да мрежата биде втисната помеѓу две лепила. Дебелината мора да биде рамномерна бидејки ако се нанесе некаде подебел слој може да дојде до пукнатини.









    ПроизводителДистрибутерПродавач на големо/мало