Микрофикс 424 е бело лепило кое се користи за лепење стиропорни и изолациони плочи на површини од тула, бетон, малтер и др., збогатено со адитиви за поголема јакост при лепење.
МИКРОФИКС 424 – Лепило за стиропор
Технички податоци
- Хемиски состав – Бел цемент, CaCO3, додатоци
- Волуменска густина – Свежа маса 1,55 kg/dm³ ( на +20°С); Сува маса 1,20 kg/dm³ ( на +20°С)
- Време на обравотливост – сса 5 часа
- Отворено време – 20мин.
- Температура на обработка – од +5°С до +35°С
- Вреќи на палета – 48 вреќи
- Опис
- Карактеристики
- Пакување, потрошувачка и складирање
- Припрема и нанесување
- Побарај Понуда
- Слични Производи
- Лесна обработливост
- Лепливост
- Отпорност на мрзнење
Пакување – Перфорирани натрон вреќи од 25кг кои се заштитени од влага.
Потрошувачка – 5-7 кг на м² во зависност од дебелината на нанесување и од самата подлога.
Да се складира прописно во оригинална и неоштетена амбалажа во суви простории.
Рок на употреба до 12 месеци од датумот на производството.
Содржината на вреќата од 25кг се промешува со 6-8 литри чиста вода и се меша за да се добие хомогена смеса. Се остава да отстои 5-10 минути за да реагираат адитивите и повторно се промешува. Температурата за работа на оваа лепило ако сакаме да го заштитиме од мрзнење и пукање не треба да биде пониска од +5°C и не повисока од +35°C.
Стиропорните плочи се нанесуваат на ѕидовите од доле нагоре. Препорачливо е на првата плоча од краевите на ѕидот да се стави по страната лепило за да се затворат отворите како не би дошло до влегување на ветер, влага, инсекти и др. Лепилото се нанесува по рабовите на плочите тракасто во ширина од 5 cm и по средината точкасто најмалку 3 точки со ширина до 10 cm. Ако пак имаме рамна подлога може да се нанесе лепилото по целата површина на плочата со назабена глетарка со дебелина на забите од 7-10 mm. Откако ќе се залепат плочите треба да се остават 24 часа за да не дојде до ослабнување на контактот лепило-плоча. После 24 часа се прицврстуваат механички со типли. Типлите се ставаат по 5 броја на 1m². Дебелината на продор на типлите треба да биде минимум 50mm. Типлите се ставаат на бетон, малтер и други прицврстени подлоги.