Пакување – Перфорирани натрон вреќи од 25кг кои се заштитени од влага.
Потрошувачка – 2-4 кг на м² во зависност од дебелината на нанесување и од самата подлога.
Да се складира прописно во оригинална и неоштетена амбалажа во суви простории.
Рок на употреба до 12 месеци од датумот на производството.
Содржината на вреќата од 25кг се промешува со 6-8 литри чиста вода и се меша за да се добие хомогена смеса. Се остава да отстои 5-10 минути за да реагираат адитивите и повторно се промешува. Температурата за работа на оваа лепило ако сакаме да го заштитиме од мрзнење и пукање не треба да биде пониска од +5°C и не повисока од +35°C.
Површината на која што треба да се нанесе МИКРОФИКС 404 лепилото треба да биде сува и чиста без материи кои би можење да го нарушат врзувањето.
На претходно исчистен и импрегниран ѕид со глетарка нанесуваме од лепилото а потоа со назабениот дел на глетарката го отстрануваме вишокот од лепилото. Во зависност од димензиите на плочките се користи глетарка со соодветна длабочина на запците.
Пред поставување на керамички плочки со впивливо дејство треба да се потопат во вода. Потопувањето на невпивливи плочки не е препорачливо бидејќи може да дојде до смолкнување. Препорачливо е кај невпивливите плочки да се користи флексибилно лепило МИКРОФИКС 414 или СУПЕРФИКС СЦ414