Рудник за Калциум карбонат
Рудникот Мемешли, минеролошки e од калцитски тип, а петрографски претставува мермеризиран варовник и како таков е еден од ретките во Република Македонија. Се карактеризира со висок степен на искористување на експлоатираниот материјал што е во функција на неговата развојна програма. Третира експлоатација на повеќе квалитети условени од потребите на градежната, прехранбената и хемиската индустрија. Постоечката опрема за дробење и сепарирање од статички и мобилен тип има за цел да произведува градежни фракции во широк дијапазон како сепариран песок од 0-4 мм, 4-8 мм, 8-16 мм, 16-32 мм, 0-60 мм и др.
За сите фази на експлоатирање како и за подготовка на материјалот се грижи расположливиот машински парк на фирмата.




Технолошка постројка за произвотство на мелен и сепариран калцит
Ниско абразивниот, а во исто време и високо квалитетниот калцит, овозможи имплементација и инсталација на пневматски систем, во кој секоја машина сама за себе користи систем за транспортирање и обеспрашување, произвотство на германскиот производител Alpine по софистицирана метода на диференцијални притисоци.
Системот на дезинтеграција на високо квалитетен калцит се врши преку: примарна и секундарна дробилка во прва фаза, мелење со млинови од фамилијата на палчести дезинтегратори - Contraplex, сепарирање со електромагнетни сита Morgensen и воздушни класификатори од фамилијата на Stratoplex. Сите машини се карактеризираат со високо селектирачки еколошки и ниско енергетски перформанси.
Конкурентната цена и високиот квалитет на калцитот интегрира широка апликативност во многу производи: бои и лакови, пластични маси, прехранбени производи, прашкасти производи, односно пошироко во:градежната, хемиската, стакларската, фармацевската, прехрамбената и други индустрии.
Палета на Производи
Калциум Карбонати
МИКРОКАРБ-е мелено квалитетно полнило од природен калциум карбонат.Најсовремените производствени процеси доведуваат до висок степен на квалитет на овој производ. Се користи во градежната индустрија,во индустријата за бои,лакови,како и за земјоделската индустрија.
Гранулати
Гранулатот е високо квалитетно полнило од природен калциум карбонат (калцит). Најсовремените производствени процеси доведуваат до висок степен на квалитет на овој производ. Гранулатот е варовник со зрнеста структура, кој се карактеризира со висока цврстина, висока отпорност на разни временски влијанија. Гранулата се користи во градежната индустрија, пред се во производството на фасадни материјали.
Сточни креди
Сточна креда се користи во производството на готова храна за домашни животни. Исто и како минерален додаток на оброците со недостаток на калциум.