
При изградбата и дизајнирањето на нов објект, да се земат во предвид енергетски ефикасни карактеристики не само што ќе направи огромна разлика во удобноста и долгорочните заштеди на трошоците, туку ќе ви обезбеди да градите одржлив дом кој ќе биде попријатен за животната средина. Секако, градежните материјали се клучниот фактор за квалитетот на вашата градба, но не се единствени. Еве неколку совети на што друго треба да обратите внимание при градењето.
ОРИЕНТАЦИЈА
Правилната поставеност на вашиот дом гарантира дека тој ќе ја искористи најдобрата можна предност од сонцето и сенката во текот на годината. Треба да размислите како да ги позиционирате просториите за да може да го искористите бенефитот од нивната правилна поставеност.
ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ
Изборот на градежните материјали, како што напоменавме и претходно, е клучен кога се работи за енергетски ефикасни домови и градби. Правилниот избор на тули, гипс картон и изолациски плочи во комбинација со квалитетните градежни материјали на Огражден Микро Микс, Микромал малтерите и Микрофикс лепилата, ќе ја добиете најдобрата можна комбинација за најпосакуваниот ефект.
ИЗОЛАЦИЈА
Како надоврзување на изборот на градежните материјали, производите на ОММ играат клучна улога во градењето на вашиот објект, а колку е поквалитетно градена вашата зграда, толку повеќе топлина ќе задржува вашиот дом во зима и повеќе ладен воздух ќе задржува во лето. Ова води до огромно намалување на енергијата што ќе ја троши вашата зграда преку греење и ладење.
ВЕНТИЛАЦИЈА
Нормално, познато ви е дека со производите на Огражден Микро Микс и фасадите слободно дишат. Секако дека вентилацијата игра и тоа како клучна улога кога станува збор за енергетската ефикасност. Овде покрај материјалите и начинот на градба на самите ѕидови, секако огромна улога игра и внатрешниот распоредот на просториите и поставувањето на отвори (врати и прозорци) на двете страни од објектот, што ќе овозможи полесна циркулација на воздухот, намалување на влажноста или побрзо ладење на просторот во летниот период.
Се надеваме дека овие мали совети ќе ви бидат од корист, а секако земете ги во предвид и квалитетните производи од Огражден Микро Микс, бидејќи сигурната градба е гаранција за сигурна иднина.