Огражден Микро Микс

Кога да се инсталираат плочки на отворено

Лепењето на плочки на надворешни површини знае да биде комплицирано, со оглед на фактот дека процесот директно подлежи на надворешните влијанија и временските услови.
Треба да се земе во предвид дека температурата треба да биде умерена, а времето ведро и пријатно. Најчесто, препорачлива температура за обработка и користење на лепилата за плочки на Огражден Микро Микс варира од +5 до +35 целзиусови степени во зависност од производот, но идеалната температура за инсталација на плочки надвор кој би можеле да ја посочиме се движи во интервалот +20-25°C.

Повисоки температури би го зголемиле времето на стврднување и ќе ја загрозат цврстината на лепакот, додека пак повисоката температура може да предизвика пребрзо стврднување што би можело да резултира со слаба врска помеѓу плочката, лепилото и површината.