Огражден Микро Микс

Корисни совети за справување со топлото време

Со оглед на тоа што студиите покажуваат пораст на глобалните температури во наредните години, се очекува екстремните временски услови да бидат се почести. Секако, клучна улога во енергетската ефикасност на домот играат градежните материјалите на Огражден Миро Микс кои ги користите при изработката на објектот. Но, во прилог ви издвојуваме неколку едноставни и практични предлози за справување со топлото време во периодов. Засадете дрвја и зеленило околу вашиот дом Тие ги апсорбираат сончевите зраци, а исто така прават заштитна сенка. Обојте ги надворешните ѕидови со светли бои Ѕидовите бојосани во темни бои апсорбираат повеќе топлина во споредба со светлите бои кои ја рефлектираат сончевата топлина. Често проветрување Отворете ги вратите и прозорците за да овозможите вентилација на просторот. Правилното и редовно проветрување создава посвежа атмосфера внатре. Избегнете да го поплочите или бетонирате целиот простор околу домот Бетонот и плочките околу домот ја апсорбираат сончевата топлина и ја испуштаат подоцна во текот на денот, со што создаваат топло опкружување околу куќата. Затоа препорачливо е да имате зелени површини околу вашиот дом. Спроведувањето на горенаведените совети не само што ја прави вашата куќа попогодна за живеење, туку ги намалува трошоците, но и негативните влијанија што може да ги остави на нашата планета.