Огражден Микро Микс

Класификација на лепила за плочки според EN 12004

Нова рубрика која ја отпочнуваме со цел да ги доближиме сите карактеристики и детали поврзани со нашите производи, како и совети, предлози и идеи кои сметаме дека би им биле од корист на нашите потрошувачи и крајни корисници, се со цел подобро искуство при користењето на нашите производи.

Денеска ви ги презентираме ознаките за класификација кои ги имаме втиснато на вреќите на нашите лепила според EN 12004:

C1 – нормално цементно лепило
– почетна атхезиона јакост ≥0,5 N/mm2
– атхезиона јакост по потопување во вода ≥0,5 N/mm2
– атхезиона јакост по загревање ( 70˚C) ≥0,5 N/mm2
– атхезиона јакост по циклуси на мрзнење и одмрзнување ≥0,5 N/mm2

T – лепило со намалена лизгавост ≤ 0,5 mm
E – лепило со отворено време
C2 – подобрено цементно лепило

– почетна атхезиона јакост ≥1 N/mm2
– атхезиона јакост по потопување во вода ≥1 N/mm2
– атхезиона јакост по загревање ( 70˚C) ≥1 N/mm2
– атхезиона јакост по циклуси на мрзнење и одмрзнување ≥1 N/mm2

S1 – деформација / флексибилност ≥ 2,5mm но ≤ 5mm