
Потребата од добра термичка изолација на објектите е актуелна во јавноста поради заштеда на електрична енергија, заштеда на финансии, а иствремено се овозможува и комфорт во објектите во улови на екстремни надворешни температури ( високи, ниски ).
Исто така проблемите кои се поврзани со појавата на несакана влага во објектот, појава на мувла по ѕидовите се предизвикани од отсуството, лошата изведба или недоволната термоизолација.
Термоизолацијата не е единствен услов за термичко изолирање на објектите туку таа треба да биде и правилно изведена.
Термоизолационата фасада се изведува на ѕидна површина, изработена од керамички блокови или малтерисувана со машински малтер. Потребно е површината да биде здрава, цврста, сува, обезмастена и обезпрашена.
Изработката на термоизолационата фасада започнува со лепење на термоизолационите плочи ( стиропор ) со бело лепило за стиропор – Микрофикс 424 или сиво лепило за стиропор Суперфикс СЦ 424, доколку површината која се лепи има нерамнини тогаш треба да се корегира. При лепењето на термоизолацијата потребно е плочите да се поставуваат рамно и збиено со цел да се спречи појавата на отворени фуги ( термомостови ). Поставувањето на плочите треба да се изведи по принцип на ѕидање со цел избегнување на секоја можност за поклопување на фугите. Нанесувањето на лепилото за стиропор треба да биде површинско по целата плоча нанесено со назабена глетарка . За дополнителна сигурност , по лепењето на термоизолацијата и сушење на лепилото , механички се прицврстува со клинови – типли ( 5 клинови за една плоча ) . Термоизолационите плочи се поврзуваат и израмнувааат со лепило за мрежица и тоа во два слоја. Помеѓу двата слоја се става мрежичка, мрежата треба да биде со тежина најмалку 45 гр/ м², за рабовите на фасадата има и аголна лајсна за убаво дефинирање на аголот. За поставувањето на рабиц мрежата го препорачуваме белото лепило за рабицирање Микрофикс 434 или сивото лепило за рабицирање Суперфикс СЦ 434, кое се одликува со голема цврстина, флексибилност, хидрофобност и отпорност на удар. Над оваа површина во зависност од желбата на потрошувачот се нанесува декоратвен малтер кој што е достапен во повеќе варијанти .
На крајот исто по желба на потрошувачите се врши боење на фасадата.