Огражден Микро Микс

Силос систем

Во рамките на својата работа, а водени од потребата за проширување на својата дејност за потребите на пазарот, ја воведовме силосната техника за користење на готов малтер. 

Доброто познавање на пазарот е движечка сила и фактор за развој на нашата производна програма. Сето тоа се должи на воведената стандардизација за квалитет, еколошките стандарди за чиста и зелена околина кои несомнено се значаен дел од целокупната политика на компанијата. 

Силосниот систем се состои од силос за складирање на готовиот малтер, кој што може да се транспортира до одредена дестинација. Истиот се дополнува со помош на цистерна со готов сув малтер. Целиот процес на работа на силосниот систем ја поедноставува работата на градежните работници, со што рачен алат и бетономешалки се непотребни, а и физичката работа е доста намалена. Најважно од се е што со овој систем нема прашина и нема отпад, што значи станува збор за целосно затворен систем од производство, полнење на цистерна со готов производ, празнење на цистерна во силос и апликација на готов малтер, во исто време физичката работа е сведена на минимум, а квалитетот на готовиот малтер е задржан бидејќи е заштитен од секакви временски непогоди. 

Полека но сигурно нудиме ефикасни решенија во градежната индустрија. 

 

Микромал 385 – ѕидарски малтер 

Примена: на цементно-варова база, за ѕидање на тули и др видови на блокови. 

Подготовка и нанесување: малтерот се подготвува со додавање на околу 20 % вода, се меша се до потполна хомогенизација на смесата.Се нанесува со ѕидарска мистрија по целата должина на ѕидот. 

Пакување: 25 kg вреќи , рефус 

Потрошувачка: 30 kg/m² во зависност од дебелината на слојот. 

Рок на траење: 12 месеци во оригиналната амбалажа , во сува просторија. 

 

Микромал 365 – машински малтер 

Примена: цементно-варов малтер, наменет за машинско малтерисување на ѕидни површина од тули , блокови и бетон. 

Подготовка и нанесување: се меша со 20-25% вода се додека не се добие посакуваната конзистенција. Подлогата треба да биде чиста, цврста и без масни наслаги. Се нанесува по целата должина на ѕидот, се порамнува со алуминиумска глетарка. 

Пакување: 25 kg вреќи , рефус 

Потрошувачка: 15 kg/m² во зависност од дебелината на слојот. 

Рок на траење: 12 месеци во оригиналната амбалажа , во сува просторија. 

Во зависност од потребите и барањата на објкетот во изградба Микромал 365 може да биде и во бела боја со истите технички карактеристики, а тоа е Микромал 365W.