Огражден Микро Микс

Систем за внатрешни ѕидови

Секој ден поминуваме по неколку часови во затворен простор. За да ни биде пријатно во него неопходно е ентериерот да ни биде здрав, чист и уреден. Како одговор на овој предизвик создадовме линија на производи за стандардни внатрешни ѕидови.

Систематското решение за внатрешни ѕидови подразбира производи за сите фази во обработката на внатрешните ѕидови, почнувајќи од подготовка на ѕидот за малтерисување, употреба на цементно-варов малтер, користење на високо квалитетна маса за израмнување ( глет маса ) до нанесување на декоративен завршен малтер.

Системот за производи се одликува со :

  • Добра паропропустливост
  • Одлична обработливост
  • Еколошки
  • Широк избор

Производи за внатрешни ѕидови

Микромал 305 – бело лепило за порамнување

 

Примена: на цементна база, за израмнување на внатрешни ѕидови. Поради можноста да биде нанесен во подебел слој особено е погоден за израмнување нагруби ѕидови обработени со цементно-варови малтери, како и за израмнување на ѕидовите од бетон и гипс картонски плочи.

Подготовка и нанесување: Подлогата на која се нанесува Микромал 305 мора да биде чиста, сува и цврста, без слабо врзани делови, масни дамки и сл. Подготвувањето на смесата се врши така што прашкастата компонента се раствара со околу 30 % вода, се додека смесата не стане хомогена и без грутки. Смесата треба да отстои неколку минути , а пред нанесување повторно се промешува.

Потрошувачка: околу 1-2 кг/м² во зависност од дебелината на наносот.

Рок на траење и складирање: 12 месеци во оригинална амбалажа во сув простор.

Пакување : 25 кг.

 

Микроглет 111 – глет маса за израмнување на внатрешни ѕидови

Примена: глет маса на варова база, за израмнување на внатрешни ѕидови во тенок слој. Се користи за рачно нанесување во два слоја.

Подготовка и нанесување: : Подлогата на која се нанесува МИкромал 305 мора да биде чиста, сува и цврста, без слабо врзани делови, масни дамки и сл. Подготвувањето на смесата се врши така што прашкастиот дел се раствара со околу 50 % вода, се додека смесата не стане хомогена и без грутки. Смесата треба да отстои неколку минути , а пред нанесување повторно се промешува.

Потрошувачка: околу 1-1,5 кг/м² во зависност од дебелината на наносот.

Рок на траење и складирање: 12 месеци во оригинална амбалажа во сув простор.

Пакување : 20 кг.

 

Микромал  – декоративен завршен малтер

Примена: тенкосолен минерален малтер на цементно-варова база, наменет за сите фино израмнети подлоги.

Подготовка и нанесување: Подлогата мора да биде цврста, сува и чиста. Малтерот се подготвува со додавање на околу 25 % вода, се меша се до целосна хомогенизација, се остава да отстои и се промешува пред нанесување.Се нанесува со челична глетарка со дебелина на слој на најкрупното зрно. Малтерот се обработува со пластична глетарка до фул форма или зарибана структура веднаш по нанесувањето.

Производ/гранулација: Микромал 300 : 1.5 – 2 mm и  2 – 2.5 mm со зарибана структура

Микромал 307 : 0.8-1 mm фул структура

Микромал 310 : 1 – 1.5 mm фул структура

Рок на траење и складирање: 12 месеци во оригинална амбалажа во сув простор.

Пакување : 25 кг.