
Минералниот малтер е природен еколошки завршен градежен материјал. Декоративниот малтер Микромал во својот состав вклучува вар, портланд цемент, полнила од природен камен , мермер за да се добијат оригинални структури и додатоци за зголемување на перформансите на малтерисуваните површини.
Декоративниот малтер Микромал се продава во прашкаста форма спакувани во вреќи, која се раствара со вода согласно со упатствата пред да почне да се работи.
Минералниот декоративен завршен малтер Микромал покрај еколошките карактеристики се одликува и со отпорност на механички влијанија, неговата порозна структура им овозможува на ѕидовите да дишат и се лесни за одржување.
Микромал декоративните малтери се одликуваат со беспрекорна бела боја, може да бидат со фул издначена структура на зрното Микромал 307 Full ( 0.8-1.0 mm) и Микромал 310 Full ( 1.0 – 1.5 mm) или пак со поситна или покрупна шара Микромал 300 (1.5 – 2.0 mm) и Микромал 300 (2.0-2.5 mm).