Огражден Микро Микс

Термоизолациони фасади

Фасадните термоизолациони системи го опфаќаат најголемиот дел од термоизолацијата во еден објект.
Изведба на термоизолациони фасади со материјалите на Огражден Микромикс

Термоизолационите фасади можат да се изведат на ѕидна површина изработена од тули, армиран бетон или на малтерисувана површина. За изведба на термоизолационите фасади потребно е површината да биде здрава, цврста, сува, обезмастена, обезпрашена и без слаби делови. Доколку постојат оштетувања, потребно е тие да се отстранат и исчистат до здрава подлога и да се санираат.

Изработката на термоизолационата фасада започнува со лепење на термоизолационите плочи со Микрофикс 424 – лепило за стиропор, кое може да се користи и за лепење на камена волна. При лепење на термоизолацијата потребно е плочите да се поставуваат рамно и збиено со цел да се намали појавата на термо мостови. Нанесувањето на Микрофикс 424 може да биде точкасто или површински по целата површина на изолационата плоча.

По изоларањето на површината, потребно е термоизолационите плочи меѓусебно да се поврзат и израмнат, тоа се постигнува со глетувањето на фасадната површина во два слоја. Глетувањето на стиропорните плочи е со Микрофикс 434 – водоотпорно лепило за рабицирање, помеѓу двата слоја на Микрофикс 434 се втиснува мрежичка.

Сите градежни лепила на Огражден Микромикс може да се најдат во бела боја под брендот Микрофикс и сива боја под брендот Суперфикс.

Над глетуваната површина со Микрофикс 434 во зависност од можностите и желбите на инвеститорот може да се нанесе акрилен или минерален декоративен малтер.