Огражден Микро Микс

Препораки за ибор на лепило за плочки

lepila-za-plocki

Многу е значајно при градењето на објектот да се изберат квалитетни материјали. Правилниот избор на соодветните квалитетни материјали при лепењето на плочките ќе ви заштеди време, а воедно и пари. Во оваа насока, како најдобро решение со извонреден квалитет ( класифицирани според европски нормативи EN 12004 ) и со прифатливи цени се лепилата за плочки од програмата на Огражден Микромикс.

Микрофикс – лепила за плочки

Се работи за цементни лепила со адитиви кои обезбедуваат подобри перформанси. Флексибилните лепила на Огражден Микромикс во својот состав содржат полимери и со тоа значително ја олеснуваат работата, со оглед на тоа што го продолжуваат отвореното време на работа, односно лепилото не се суши брзо, со што се добива повеќе време за приспособување на позициите на плочките, а истовремено се зголемува и отпорноста на одлепување при механички удар. Бидејќи во својот состав содржат и адитиви за водонепропустливост , овие лепила го спречуваат продорот на влага во подлогата врз која се залепени.

mikrofiks lepila

Ако имате потреба да залепите нови плочки врз веќе постоечките , односно систем плочка врз плочка ви препорачуваме висококвалитетно градежно лепило Микрофикс 414 flex ( EN 12004 – C2S1 ).

Ако имате потреба да залепите плочки на површини кои се постојано изложени на влага ( тераси, бањи, фонтани ) ви препорачуваме градежно лепило Микрофикс 414 ( EN 12004 – C2TE )

Доколку се одлучите да лепите плочки во простории кои не се изложени на надворешни влијанија ( кујни, ѕидови, ходници ), препорачуваме да користите Микрофикс 444 ( EN 12004 – C1TE ) или Микрофикс 404 ( EN 12004 – C1T ).

Сите градежни лепила на Огражден Микромикс може да се најдат во бела боја под брендот Микромикс и сива боја под брендот Суперфикс.