
Во пракса се користат неколку типа на малтери, меѓу кои со најдобри карактеристики ќе го издвоиме цементно – варовиот малтер Микромал 365, кој не е многу поразличен од традиционалниот малтер базиран на портланд цемент, песок и вар измешани рачно. Сега сето тоа го имаме готово припремено со додатоци за истиот да може да се нанесува и машински, што позитивно влијае на брзината на изведбата. Земајќи ги во предвид сите параметри за квалитет Микромал 365 е со докажана беспрекорност, нанесување на оптимална дебелина на слој, минимално собирање при сушење, максимална отпорност на пукање, паропропустливост, висока отпорност на гребење и оштетување, голема брзина на нанесување и обработка.
За идеално решение пред машинското малтерисување со Микромал 365, ѕидањето на тулите се врши со Микромал 385 – ѕидарски малтер за рачно ѕидање или лесни блокови кои се поставуваат со тенкослоен малтер за ѕидање или лепило за лесни блокови Микрофикс М34, со што се постигнува голема брзина на работа и докажан квалитет на цементниот малтер кој е најприродниот и најздравиот материјал.
Модерното градежништво има високи барања за квалитетот на малтерисувањето, па затоа како идеално завршно решение врз машинскиот малтер Микромал 365 го имаме Микромал 305 фин малтер за порамнување со што добивате идеална мазна површина која потоа може по избор на инвеститорот да се доработи со Микроглет 111 или пак со минерален декоративен малтер Микромал.
Декоративниот малтер на минерална основа Микромал, е бел малтер во прашкаста форма и е достапен во повеќе гранулации :
Микромал 307 Full ( 0.8-1.0 mm)